Македонија
6. December 2017 - 8:36

Симпозиум за традиционална кинеска медицина на Факултетот за медицински науки во Штип

Прв интернационален симпозиум за традиционална кинеска медицина на тема „Телото е вашиот храм - чувајте го чисто за вашата душа да живее во него“, организира денеска Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип.

Симпозиумот ќе се одржи во Мултимедијалниот центар во просториите на Економскиот факултет при Универзитетот.

На симпозиумот ќе учествуваат врвни предавачи – научници од Кина, Виетнам, Македонија, Бугарија, со пленарни предавања распоредени во две сесии.