Македонија
30. October 2018 - 8:34

Симпозиум за тинк тенк организации од Кина и ЦИЕ

Во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Македонската академија на науките и уметностите, Генералниот Секретаријат на „16+1“ и Кинеската академија за општествени науки денеска и утре во Скопје ќе се одржи Симпозиум на високо ниво на тинк тенкови од Кина и земјите од Централна и Источна Европа.

Петтиот по ред „Симпозиум на високо ниво на тинк тенкови од Кина и земјите од Централна и Источна Европа“ е еден од механизмите за соработка  на „Процесот 16+1“ на кој научници, истражувачи, експерти и други преставници на тинк тенк заедницата имаат можност преку своите научни трудови и анализи да дадат придонес во понатамошното креирање на идните развојни активности на Процесот за соработка 16+1.

На отворањето е најавено обраќање на премиерот  Зоран Заев, амбасадорката Хуо Јужен, специјален претставник за соработка помеѓу Кина и земјите од ЦИЕ, Ванг Ѓинќинг потпретседател на Кинеската академија за општествени науки, прeтседателот на Македонската академија на науките и уметностите академик Таки Фити и амбасадорот Виктор Димовски, државен секретар во Министерството за надворешни работи.