Македонија
22. May 2022 - 16:31

Симпозиум на младите фолклористи во Кратово

Градот на кулите и мостовите вчера и денес е домаќин на научниот симпозиум на младите фолклористи и професорската фела. Фолклористиката е еден од основните темели на македонскиот идентитет, заедно со јазикот и историјата, а ова е најдобар начин да се презентираат најновите научни истражувања.

  • Да се согледаат од една страна согледувањата на професорите и од друга страна размислувањата на младите фолклористи, за да се унапредува нашата наука, а со тоа и да се промовира македонската научна мисла, изјави проф. Катерина Петровска, Институт за фолклор „ Марко Цепенков“-Скопје.

  • Кај младите треба да се внесе, да се вложи, таа љубов кон фолклористиката. Јас мислам дека младите фолклористи со тоа што го прикажаа стојат на тој став и дека фолклористиката навистина има светла иднина, изјави Ермис Лафљазановски, директор на Институт за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје.

И во современи услови се можни квалитетни фолкористички истражувања, благодарение на новите технологии и методологии на работа.

  • - Сметам дека во иднина треба да има што повеќе вакви конференции да се организираат, за да може младите да се поттикнат што повеќе да истражуваат, а со самото тоа ди ги зачуваат сопствениот идентите, сопствената култура и сопствениот фолклор, изјави м-р Стојанче Костов, Институт за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје.

Учесниците се согласни дека денес повеќе од било кога е неопходно да се истакне уникатноста на македонската култура и уметност.

- Особено во време на политички превирања, на можно губење на идентитетот и среќавање со новите општествени промени, изјави м-р Мелита Ивановска, ДМБЦУ ”Илија Николовски-Луј“-Скопје

На симпозиумот беа обработени 20-ина теми од областа на етнологијата, антропологијата, архитектурата и народната уметсност.