Симовски: Затвор три години за секој што ќе внесе лажни податоци во пописната апликација
Откако утрово неколку програмери укажаа на грешки и слабости во системот, односно предупредија дека со бесплатно инсталирање „VPN“ може секој наш сограѓанин да се попише како да живее во странство, директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски за Плусинфо изјави дека системот за попишување е максимално заштитен и не може никој да упадне со лажни податоци, а кривична постапка ќе биде покрената за секој оној што се обидува да го изманипулира системот, односно да се регистрира како дијаспора од својот компјутер во Македонија.
– Кривична постапка ќе биде покрената за сите што се обидуваат да приложат лажни податоци во системот. Според член 9 во Законот за попис јасно пишува дека секој оној што ќе уништи, прикрие, оштети или на друг начин ќе стори да бидат неупотребувани внесените податоци во пописната апликација, ќе се казни со затворска казна од најмалку три години. Ги прочитав предупредувањата од програмерите, но можам само да кажам дека лажни податоци во системот не можат да бидат внесени. Некој може да се регистрира и да мисли дека внесол лажни податоци, но всушност самиот систем ќе покаже дека податоците не се веродостојни. Таквите случаи ќе ги регистрираме, бидејќи станува збор за намерен упад во апликацијата – вели Симовски.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација