Loading Video...
Ракомет
26. March 2018 - 17:34

Симовски: Задоволен сум од двете победи против Ф.Острови

Женската ракометна репрезентација на Македонија по вторпат ја совлада селекцијата на Фарските Острови во квалификациите за ЕП. 

Селекторот Симе Симевски по натпреварот истакна дека е задоволен од победите но дека се уште треба да се работи на играта и пред се менталитетот на девојките:
„ Сигурно дека сум задоволен со двете победи бидејќи игравме против селекција која негува скандинавски ракомет, постојано држат ниво во текот на сите 60 минути во стилот на Шведска, Данска, Норвешка и затоа секое опуштање значеше дополнителен притисок врз нас. Сигурен сум дека на тренинзи ги работиме сите ситуации за да не влегуваме во криза но на натпреварите приказната е сосема друга па така се случи период од 8-9 минути без постигнат гол. Тоа е за жал нашиот менталитет но се надевам дека против силни селекции ќе играме помотивирано што и го покажавме на некои од претходните натпревари“ изјави Симески за ТВ Сител.