-->
-->
Симовски: Покажавме дека кога е тешко можеме најдобро
-->
Македонската одбојкарска репрезентација и во вториот дуел со Австрија во Европската лига постигна максимална победа од 3-0 (25:22; 25:19; 25:22) и со овој триумф се проби на втората позиција во групата. Најдобриот поентер во досегашниот тек од Европската лига Јовица Симовски (вкупно 144 поени) на вечерашниот дуел има 11 поени.
По дуелот и победата Симовски истакна:
- Остваривме уште една победа и тоа повторно со 3:0. Воедно покажавме дека кога е најтешко можеме најдобро. Во вистинско време во сите три сета ќе профункционираа сервисот и блокот, иако противникот некако подобро ги почнуваше сетовите. Австрија за разлика од вчера играше подобро, но ние како сега да ја имаме потребната форма. Ни следуваат и двата дуела со Полска и ќе се обидеме да постигнеме уште две победи, но нема да зависи се од нас дали ќе успееме да се пласираме на завршниот турнир, туку и од резултатите на дуелите Словенија - Грција од другата група.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара