Македонија
29. September 2022 - 16:34

Симовски не исклучува менување на балансерот, но за тоа е неопходна политичка волја

Ќе станат ли податоците од ланскиот попис само за на хартија? Првиот човек на Државна статистика Апостол Симовски не можел да реагира што министерот за информатичко општество Алити сам си пресмета поголем процент за вработување на Албанци во јавниот сектор, различен од официјалните податоци.

Иако нема најава дека владата ќе го менува начинот на спроведување на вработувањата, Симовски не ја исклучува таквата можност, но вели тоа ќе било политичка одлука. Сепак немал дилема дека со блансерот треба да биде опфатено само резидентното население...

Дали со менувањето на статистичките податоци се случува злоупотреба на балансерот го прашавме и министерот за информатичко општество Адмирим Алити. Одговор не добивме ниту дали сепак ќе се промени начинот на кој го пресмета процентот за вработувања со кој дијаспората влегува во блансерот.

По бројните реакции во јавноста од влада посочија дека дијаспората ќе остане во балансерот, а ќе се одземат само 2та проценти кои министерот Алити своеволно ги пресмета како Албанци од бројката на оние кои го бојкотираа пописот. Според ова во државниит сектор од почетокот на наредната година треба да бидат вработени 29,5% етнички Албанци, односно секој трет вработен во државните институции следната година  треба да биде Албанец.