Loading Video...
Ракомет
11. March 2019 - 15:44

Симовски го објави списокот на ракометарки дуелите против Црна Гора

 
 
Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Симе Симовски денеска  го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојните два пријателски дуели против Црна Гора. 
 
Во рамките на ЕХФ неделата која на програмата е од 18 до 24 март, нашите ракометари ќе спарингуваат со Црногорките. 
 
Во репрезентацијата се враќаат Симона Николовска и Габриела Величковска, а другите 16 се истите кои беа и на последните собири на репрезентацијата. 
 
 
Натпреварите со Црна Гора кои ќе се играат во спортската сала „Автокоманда” (на 23 март од 17:00 и  24 март од 12:00 часот), ќе бидат одлична контрола за баражот двомечот со Словенија, преку која ќе се брка настап на Светското првенство во Јапонија. 
 
Првиот собир е предвиден за 18 март во 9:30 часот во салата во Автокоманда.