Џет-Сет
28. August 2017 - 17:55

Симона Попоска објави селфи од креветот во сосема несоодветно издание!

Тазе невестата, пејачката Симона Попоска неодамна во родниот Охрид направи свршувачка и склучи граѓански брак со саканиот Кристијан, а потоа на своите бројни следбеници и пријтели преку галерија фотографии им ја покажа луксузната прослава која ја направија.

Откако спласнаа емоциите, Симонче си даде време за одмор и релаксација, но не и од социјалните мрежи на кои е една од најактивните познати Македонки. Периодов не толку е активна со настапи, но затоа доста ја има на Фејсбук и Инстаграм.

Овој пат изненади со селфи од креветот пред спиење, но во несоодветно издание. Имено, Симона дури и во кревет не се дели од шминката, па на перница заспива со исцртани мачкини очи и руменило – нешто кое дерматолозите најмногу го забрануваат.

Дури ова и да и е пракса, на Симона не и штети  и секогаш блеска на свој начин каде и да се појави, па мора да биде така и во кревет.