Симон Трпчески ја заврши турнејата низ Велика Британија
Македонскиот пијанист Симон Трпчески ја заврши турнејата низ Велика Британија со Филхармонскиот оркестар на Осло.
Според британските критичари, Симон Трпчески и рускиот диригент Василиј Петренко се „тим од сонишата“, а нивната најнова соработка значеше серија настапи како главни ѕвезди на турнејата на Филхармонискиот оркестар на Осло низ Велика Британија.
- Мини турнејата што собра суперлативи од британската музичка јавност и измами изведби на бис, ги опфати настапите во Манчестер, Бејзинстоук, Бирмингем и Сефрон Валден, каде што овој победнички тандем, заедно со колегите-музичари од Норвешка го изведоа популарниот Концерт за пијано и оркестар број 2 од Сергеј Рахманинов. Истата програма на почетокот од месецов беше изведена и на две концертни вечери во Осло, од кои првата имаше и директен пренос на интернет, информира „КултурОп“ со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.
Серијата настапи во Велика Британија се надоврзаа на концертите на нашиот пијано виртуоз во Соединетите американски држави, Канада, Ерменија и повторно Велика Британија од почетокот на годинава.
Следна дестинација на Трпчески е Детроит. Американската публика ќе има можност да ги проследи неговите три последователни концертни вечери на кои првпат ќе настапи како солист на Симфонискиот оркестар на Детроит, а на кои повторно ќе соработува со диригентот Томас Даусгаард. На репертоарот ќе се најде Вториот концерт за пијано и оркестар од Лист.
Продолжението на сезоната, за Симон Трпчески ќе значи настапи во Шпанија, повторно Велика Британија и Норвешка, потоа Германија, Финска, Шведска, Италија, Словенија...
Ново на Сител
-
Стано: Косово мора да ја формира Заедницата на српски општини, во спротивно ќе има последици
-
Руси поставија светски рекорд со скок со падобран | ВИДЕО
-
В недела евакуација на жителите на Ниш поради неутрализирање бомба останата од бомбардирањето на НАТО
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон