Симфониски концерт за деца на Македонската филхармонија
Македонската филхармонија денеска ќе го одржи првиот симфониски концерт за деца во новата концертна сезона. Концертот носи наслов „Имате ли ритам?“, а ќе биде изведен под палката на маестро Борјан Цанев.
Аниматор и овој пат ќе биде миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги воведе најмладите во тајните на ритамот и неговата разновидност.
Децата ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература, во кои акцент е ставен токму на ритмичкиот импулс - дела од Смокварски, Калифе, Андерсон, Бернштајн, Штраус, Де Фаља. Концертот ќе ги донесе звуците и ритмите на Македонија, Либан, Куба, Шпанија..., а Јорданоски низ игра и хумор ќе се обиде да ги анимира децата „свирејќи“ на разно-разни предмети докажувајќи дека ритамот го има насекаде околу нас.
Овој пат посебно ќе се истакнат перкусионистите од оркестарот на Македонската филхармонија, кои ќе приредат и едно изненадување.
Ново на Сител
-
Потпишан договор, цената порасната
-
Тренчевска: Ветувањето на ВМРО-ДПМНЕ за зголемување на пензиите ќе го дестабилизира пензискиот систем
-
Белата чума коси во државата: Секоја година има се помалку ученици
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот