„Симфонија на тажни песни“ со Ана Дурловски
Македонската филхармонија во четврток ќе ја изведе „Симфонија на тажни песни“ која ја најави како една од најубавите, но и најпопуларните симфонии на сите времиња.
„Симфонија на тажни песни“, позната и како Симфонија бр. 3 од современиот полски композитор Хенрик Миколај Горецки, ќе биде премиерна изведба за оркестарот на Македонската филхармонија. Солистка ќе биде оперската дива Ана Дурловски, а оркестарот ќе го води диригентот од Бугарија Емил Табаков.
Симфонијата е инспирирана од темите на војната и разделбите, од нацистичките логори за време на Втората светска војна. Изведена е по повод комеморацијата на холокаустот во 1992 година со Лондонскиот симфониски оркестар, под диригентската палка на Давид Цинман и сопранот Даун Апшоу, кога доживеа фантастичен успех на сите листи во САД и во Велика Британија, а бројот на продадени ЦД-а премина еден милион.
- „Симфонијата на тажни песни“ се смета за една од најдобрите симфонии на сите времиња, чија популарност ја стекна не само во сферата на класичната музика, туку и во поп-културата. Создадена е во 1976 година, а полската агенција ПАП ќе наведе дека снимката (плочата) е продадена во повеќе од милион примероци. Всушност, ова дело своевремено стана најпродаваното издание на некој современ композитор, информира Филхармонијата.
Композиторот Горецки е водечка фигура на полската авангарада за време на постсталинизмот. Негови познати дела во оваа насока се и „Беатус Вир“, химната „Мизерере“, „Мал реквием за една Полка“ или реквиемот „Добра ноќ“...
Ново на Сител
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука