-->
-->
Симеоне: Нови играчи или заминувам
-->
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ќе остане во клубот само под услов раководството да одвои големи средства за трансфери во претстојниот преоден рок, пренесува „АС“.
Како што е наведено, аргентинскиот експерт е подготвен да го напушти „Висенте Калдерон“ доколку не е сигурен дека неговиот тим може да биде конкурентен на Реал Мадрид и на Барселона во борбата за титулата во Примера.
Симеоне верува дека клубот има можност да се засили со големи имиња и да се приближи до големите ривали.
Раководството му вети ангажман на капитенот на Бенфика Ник Гаитан и искористување на 42 милиони евра за нов напаѓач, износ кој Атлетико го доби од заминувањето на Џексон Мартинез во Кина.
Покрај тоа, управата на мадридскиот тим подготвува продолжување на договорот за Симеоне под значително подобрени финансиски услови.
Атлетико сезоната во Примера ја заврши на третата позиција зад Барселона и Реал Мадрид, а во саботата на пенали го изгуби финалето во Лигата на шампионите од градскиот ривал Реал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица