Македонија
25. December 2016 - 9:14

Симболично сечење бадникови гранчиња

Во пресрет на православниот Бадник, денеска во месноста Говрлевска Краста, на јужните падини на Водно, ќе биде организирана традиционалната средба на скопјани со кумот и здравичарот на Бадник 2017. Организатор 25-ти пат е Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје. 

Средбата е точно напладне, кога ќе почне симболичното сечење на бадниковото гранче, најпрво од страна на кумот и здравичарот - Радко Манов и Љубиша Николиќ, минатогодишните кум и здравичар - Илија Малинковски и Драган Мијалковски, градоначалниците на Скопје, Центар и Сопиште, поранешни кумови и здравичари, поканети гости и претставници од естрадата. 

Централното одбележување на Бадник е на 6 јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.