Македонија
20. May 2021 - 20:01

Силва и Вархеји со предлог решение утре во посета на Софија и Скопје

Европска комисија и португалското претседателство ги зајакнуваат активностите за деблокада на преговорите со Македонија.

Еврокомесарот Вархеји и шефот на португалската дипломатија утре патуваат прво за Софија, а потоа пристигнуваат и во Скопје, со решение како да се тргне бугарското вето и Македонија да добие датум за првата меѓувладина конференција на европскиот самит закажан на 22 јуни.

Македонските власти не откриваат што содржат овие документи. Премиерот Заев вели дека ангажманот на Португалија ја враќа надежта дека Македонија ќе ја одржи првата меѓувладина конференција со Унијата до крајот на јуни.

 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Фокус пак вели дека Договорот за добрососедство наместо предност, станува пречка на евроинтграцискиот пат на Македонија. Мицкоски бара еднострано раскинување на овој договор и потпишување на нов кој ќе содржи гаранции и ќе ја почитува посебноста на македонскиот народ.

Според објавената агенда, Вархеји и Силва утре изутрина во Софија ќе се сретнат во бугарскиот претседател Радев и со техничкиот министер за надворешни работи. Попладне пристигнуваат во Скопје на средби со претседателот Пендаровски, премиерот Заев, вицепремиерот Димитров и министерот Османи. Нивната посета следи по средбите кои премиерот Заев изминатата недела во Брисел ги одржа со речиси сите челници на унијата.