Македонија
20. February 2019 - 15:08

Силувано девојче од Скопје - монструмот бил нејзиниот биолошки татко

Девојче од Скопје силувано од нејзиниот биолошки татко. Како што стои во билтенот на МВР, вчера  околу 15,00 часот во полициска станица во Скопје е пријавено дека малолетно девојче е физички и полово нападнато, според пријавеното, од нејзиниот биолошки татко. За настанот е известен Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Девојчето е згрижено во соодветна установа и му е пружена медицинска и психолошка поддршка.