Македонија
12. December 2018 - 15:33

Силување во Струмица

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против струмичанецот Џ.Д.(32) поради постоење основано сомневање дека пријавениот сторил кривично дело „обљуба врз немоќно лице“, информираа денеска со сооштение од струмичката полиција.

Вчера лице од струмичко село во Полициската станица во Струмица, пријавило обљуба над нејзината ќерка, која е со умерена психичка попреченост.

-Веднаш по пријавување на настанот од страна на полициски службеници  во СВР-Струмица преземени се мерки и активности за идентификување на сторителот и расветлување на кривично-правниот настан. Лицето е лишено од слобода и по извршениот разговор заедно со кривичната пријава е предаден во ОЈО Струмица, додаваат во соопштението од струмичката полиција