Македонија
3. October 2017 - 14:33

Силување во Делчево

Полисицката станица во  Делчево поднесе кривична пријава  против 42- годишниот И.С од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”.

Во соопштението од МВР се вели дека, пријавениот, од крајот на 2015 година до 27.09.2017 година повеќе пати ја присилувал на обљуба 18- годишната  А.Ј од Делчево.

Тој ја уценувал дека ќе објави нејзина видео снимка со порнографска содржина. И.С. исто така, се заканувал  дека ќе посегне по нејзиниот и животот на нејзините блиски од семејството.