Силување дете во гостиварско - обвинети три лица
Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, првообвинетиот се товари за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Тој во март 2018 година управувајќи возило го сретнал детето и на сила го внел во возилото. Потоа го однел на запуштено место каде извршил обљуба врз детето – жртва, на кое по стореното дело му дал паричен надоместок.
Второобвинетиот во јули 2018 година му понудил пари на детето – жртва, по што извршил обљуба во неговата семејна куќа. Во текот на следните месеци второобвинетиот го наведувал и поттикнувал детето да остварува контакти преку социјалните мрежи со цел остварување на сексуални односи со други лица, а за тоа барал детето да наплатува и да го известува. Поради стореното, второобвинетиот освен за Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се товари и за сторено кривично дело Посредување во вршење проституција.
-Третообвинетиот, кој се гони за продолжено вршење на кривичното дело, извршил обљуба врз детето – жртва повеќепати, искористувајќи ист траен однос и иста прилика. Во обвинителниот акт ова лице се товари за сторено продолжено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се додава во соопштението од Јавното обвинителство
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи