Македонија
19. August 2016 - 12:36

Силувана старица во Паланка: Ги скршил катанците за да ја обљуби

Вчера во 16.00 часот во ПС Крива Паланка, С.К. (63) од с.Луке, кривопаланечко, пријавила дека на 17.08.2016 година околу 01.00 часот во нејзината куќа, лицето Ѓ.Д. (44) од с.Луке, извршил силување над неа.
 
Сторителот, откако насилно ги искршил катанците од споредната врата од куќата, влегол во собата каде спиела, ја удрил во пределот на главата, а потоа извршил обљуба над истата и го напуштил местото на настанот.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно
 
расчистување на случајот.