Македонија
18. October 2015 - 12:46

Силувач од кичевско падна во рацете на полицијата

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Р.Л. (55) од кичевското село Колибари поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „силување“. Од страна на јавен обвинител одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Тој бил приведен откако вчера околу 18 часот, во Полициската станица Кичево, против него била поднесена пријава од страна на Н.М. (39) од прилепското село Јакренево. Таа пријавила дека Р.Л. пред околу два месеца ја лишил од слобода и била присилно чувана во неговата куќа во село Колибари. Во тој период, според исказот на пријавителката, била физички малтретирана и силувана. Во текот на вчерашниот ден, Н.М. успеала со вилушка да ја отвори вратата од куќата каде била затворена и со автостоп стигнала до Кичево каде во полициската станица го пријавила кривичното дело. Од страна на полициските службеници од Полициската станица Кичево по превземени мерки за пронаоѓање на осомничениот утрово околу 07 часот бил приведен од неговиот дом.