Македонија
17. јуни 2019 - 16:41

Силното невреме во битолскиот регион предизвика штети на земјоделските посеви

Силното невремето кое вчера го зафати битолскиот регион, направи штета во селата Егри и Меџитлија. Денеска на терен увид извршија претставници на Општина Битола и советниците кои утврдиле дека има големи штети врз земјоделските посеви.

-Ги повикуваме земјоделците од овие области во наредните неколку дена да ги пријават штетите во Општина Битола. А потоа Комисијата фромирана од Советот да излезе на терен, да направи проценка врз штетите и на соодветен начин граѓаните да бидат обештетени. Не можеме да кажеме во овој момент колку се штетите, да заврши пријавувањето, работата на комисијата, истакна Методија Илиевски, советник во Општина Битола.

Силниот дожд и градот направија штета на пченката, пченицата, пиперките и бостанот.