Балкан
29. November 2017 - 20:45

Силно полициско присуство во Мостар по пресудата во Хаг

Силно полициско присуство е забележано денеска на улиците на босанскиот град Мостар, по изрекувањето на пресудата против шест водачи на босанските Хрвати и по драматичното самоубиство на генералот Слободан Праљак во судницата на трибуналот во Хаг.

Мостар има мнозински хрватски и бошњачки дел, а пресудите беа изречени токму за воени злосторства извршени од страна на хрватските сили врз Бошњаците. 

Повеќето од кафулињата во градот вечерва се затворени, јавуваат локалните медиуми, а во источниот, бошњачки дел на градот, се распоредени најголем дел од полициските засилувања.

Повеќе организации на хрватски ветерани од војната најавија собири во чест на генералот Праљак и другите пет осудени хрватски политички и воени водачи.