Свет
22. October 2019 - 17:52

Силно невреме во северна Италија, едно лица загина, стотина евакуирани

Силно невреме го погоди северниот дел на Италија, при што едно лице загина, соопшти противпожарната служба.

Во невремето настрада возач на такси додека преминувал преку мост во градот Капријата д’Орба.

Пожарникарите соопштија дека околу 100 лица се евакуирани од подрачјето Лигурија. Исто така, имало околу 900 повици меѓу Џенова и Милано, каде патиштата и пругите беа поплавени, а сообраќајот отежнат.