Македонија
28. September 2021 - 17:33

Силно невреме во Пехчево: Цел град остана без струја

Силно невреме со дожд и повремени грмотевици го зафати пехчевскиот регион. Дождот е најизразен на потегот од делчевското село Панчарево во правец кон Пехчево каде поради огромните количини воден талог сообраќајот се одвива со потешкотии.

Од обилниот дожд на патниот правец Делчево – Пехчево има појава на одрони која поради количината на вода не е забележлива поради што исто така предизвикува проблеми при одвивањето на сообраќајот.

Поради невремето во моментот во прекин е електричната енергија во Пехчево.