Балкан
17. July 2017 - 13:57

Силно невреме во Грција: Наместо плажа и сонце, облаци, град, ветер и громови

Туристите кои се наоѓаат во Грција наместо сонце и песок, ги пречекаа облаци, град, ветер и громови. 

Во Ситонија, на Халкидики, беснее циклонот Медуза, кој поплави хотели и улици, поради што дел од туристите биле евакуирани.

На патиштата има одрони и гранки, а стабилизирање на времето се очекува од вечерва кон утре.

Овој циклон се појавува по бран пеколни горештини.