Македонија
2. July 2016 - 16:22

Силно невреме со Скопје

Невреме проследено со силен дожд, грмежи и ветер попладнево го зафати Скопје.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за попладневните и вечерните часови најави нестабилно време на повеќе места, локално и во форма на невреме со интензивен дожд и појава на град. Се очекува процесите да бидат почести во источните и во западните планински делови.

Според УХМР,  од утре до вторник ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен, а во понеделник повремено засилен северен ветер. Дневната температура ќе биде во благо опаѓање.