Македонија
9. јуни 2018 - 18:31

Силно невреме проследено со обилен дожд и град направи пустош низ Скопје

Невремето кое го зафати Скопје точно напладне, предизвика хаос.. Обилниот дожд и ветерот со брзина од над 80 километри на час, го парализираше главниот град..

Најголеми штети од невремо се забележани во Центар и Карпош.. Според информациите од МВР, од паднати дрва оштетени се 10-тина возила.. Граѓаните пак велат дека тоа можело да се спречи но надлежните останале глуви на навините барања за отстранување на деградираните дрвја..

Обилните врнежи го парализираа сообраќајот во Скопје. Целосно под вода беа делови од булеварот Партизански одреди, Илинденска, Јане Сандански. Дел од возилата заглавија поради неисчистените одводни канали..

Според градски власти, хаосот предизивикан од невремето е многу брзо расчистен.. Ги повикаа граѓаните да пријавуваат штети ама поради брзината на ветрот ќе немало обештетување..

Поплавените улици и откорнатите дрвја за опозициската ВМРО-ДПМНЕ се последица на неажурноста на Градските власти.. Според партијата, Скопје денеска наликува на Венеција..

Граѓаните се препуштени сами на себе. Градските служби и Шилегов  ги нема никаде. Бараме итна мобилизација на службите со цел да излезат во пресрет на граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ..

Инаку според најавите на метеоролозите, нестабилното време ќе продолжи и во ноќните часови..