Балкан
5. јуни 2016 - 9:16

Силно невреме предизвика поплави во делови на Загреб

Хрватскиот главен град Загреб синоќа околу 20.30 часот беше зафатен од невреме проследно со силен ветер, поројни дождови и град, кое траеше околу половина час.

Како што јави порталот Индекс, обилните дождови предизвикаа поплави на повеќе улици, но и во подрумите и приземните домови во повеќе делови на градот.

Веднаш по невремето на социјалните мрежи почнаа да се објуваат фотографии од поплавените делови на Загреб и од последиците од невремето.

Хрватските медиуми јавија дека слично невреме во доцните попладневи часови го погодило и реонот на градот Вировитица.