Балкан
13. August 2022 - 16:54

Силно невреме ја зафати Далмација, делови од Сплит под вода | ВИДЕО

Циклон се движи преку Јадранот, а најголем дел од врнежите во раните попладневни часови ја погодија централна Далмација.

Локално наврнале над 30 литри дожд пренесуваат медиумите.

Првиот силен дожд ова лето го зафати и Сплит. Големите врнежи за кратко време предизвикале порои во дел од градот.

Поројниот дожд на повеќе места го оштетил или го кренал асфалтот.

За возачите е издадено предупредување за внимателност.