Свет
21. July 2017 - 15:33

Силни афтершокови по разорниот земјотрес утрово

Многу силни потреси како афтершокови се регистрирани по разорниот потрес од 6,7 степени утринава, во Егејското Море, кој се почувствува во грција и Турција и предизвика вистинска паника. вајца туристи загинаа откако врз нив паднале камења, додека 120 лица се повредени, а по потресот имало и мало цунами во Бодрум, каде се повредени 90 лица.
 
По разорниот земјотрес се регистрирани безброј афтершокови и во Турција и во грција, со јачина од 3 и 4 степени.
 
Последниот потрес е регистриран во Измир со магнитуда од 3,4 степени по Рихтер.
 
Во грција има посилни потреси од 4,5 степени, 4,4, степени, а најсилниот во Турција бил со магнитуа од 4 по Рихтер.