Живот
22. March 2019 - 21:17

Силна соларна бура утре ќе ја погоди Земјата: Кој сака да користи ГПС или да слуша радио ќе има големи проблеми

Земјата утре ќе ја погоди густа и силна соларна бура, рече метеорологот Тамити Сноу.

Тоа, како што наведе, го покажуваат моделите НАСА и НОАА - Националната агенција за истражување на океаните и атмосферата.

Според нејзините зборови, може да се очекуваат ГПС пречки и потешкотии при користењето на радиостаници на страната на Земјата на која тогаш ќе биде ноќ.

На сајтот на НОАА наведено е дека, поради очекуваното Сончево коронално исфрлање на масата се очекува умерена геомагнетска бура.