Балкан
14. April 2017 - 20:29

Силна експлозија во Сплит – има повредени

Силна експлозија утрово го потресе Сплит, во неа повредени се најмалку четири лица.

Експлозијата се случила во силос за пченица кој се наоѓал покрај северното пристаниште, во пределот кон Врањица, каде што е и поранешната сплитска пивара. Противпожарни возила брзаат низ градот кон местот каде била експлозијата.

Детонацијата се почувствувала и на подрачјето на Солин. Како што пренесуваат хрватските медиуми, полицијата го прекинала сообраќајот поради што има големи гужви на излезот од градот. Во тек е истрага за причините за експлозијата.

ekplozija split 3
 
ekplozija split 4