Балкан
26. August 2016 - 9:04

Силна експлозија ја потресе Турција - има загинати и ранети

Силна експлозија потресла утрово полициски пункт во местото Џизре во југоисточна Турција, а неименувани полициски извори тврдат дека има загинати и ранети.

Телевизијата НТВ јави деа возила на брза помош се испратени на местото на инцидентот од каде се издигнува огромен облак од чад.

Безбедносни извори наведуваат дека има „многу загинати и ранети“ не прецизирајќи бројка.

Џизре се наоѓа во провинцијата Ширнак што се граници со Сирија и со Ирак. Во таа област мнозинство се Курди.