Балкан
17. May 2018 - 12:20

Силна експлозија го потресе Карловац: Дедо (72) загина под урнатините

Во Карловац во Хрватска синоќа нешто пред полноќ одекна силна екслозија во која насрада маж (72).

Според првичните информации експлодирала плинска боца.

Од силината на детонацијата се уранал дел од семејната куќа. Внатре бил старец кој останал под урнатините.

На местото на настанот пристигна итната помош, полицијата и пожарникари. Пожарникарите уште час и половина по настанот се обидувале да дојдат до мажот кој бил под купот бетон.

Мажот починал, увидот е во тек.