Силна бура татни во Хрватска, во Осијек апокалиптична глетка
Во Осијек втор ден по ред татне страшно невреме кое предизвика голема материјална штета. Силниот ветер го однесе покривот од зградата на Педијатрија при Клиничкиот центар.
Големо количество на вода продрело во собите каде лежеле пациентите, па неколкумина од нив морале да ги пренесат во други простории.
-Штетата ќе биде милионска. Доживеавме вистинска материјална катастрофа и сега освен за здравјето на пациентите се грижиме и за заштита на скапата медицинска опрема, велат докторите.
Во парковите ширум Осијек може да се видат скршени стебла. Практично нема улица каде нема некаква штета. Од корен се откорнати брези, борови и дабови, а десетици високи тополи на Пампас се преполовени, а врз бројни автомобили има паднати гранки.
Кај Тврѓа гранките ги искинале електричните водови поради што е во прекин трамвајскиот превоз, а некои улици се затворени за сообраќај. На некои раскрсници ветрот ги уривал и семафорите, а бројни улици и подруми се поплавени.
Пожарникарите постојано интервенираат, а се очекува и зголемување на инцидентите.
-Градот Осијек личи како да е бомбардиран, вели Борис Бањан од пожарникарската служба.
Поради силното невреме, оштетувања има и во блискиот Чепин, кој бил зафатен од силното невреме, пропратено со пороен дожд, па на дел од местата нема и струја. Голема штета е направена и врз посевите, нивите и градините.
Погледнете го видеото:
Ново на Сител
-
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција