Македонија
8. October 2016 - 14:17

Силна бура предизвика поплави во западна Грција

Поројните дождови рано утринава доведоа до поплави на неколку грчки острови, предизвикајќи сериозни штети во западниот дел на земјата, јави ДПА.

Бурата, која почнала доцна синоќа и траеше до утрово, ги зафати островите Закинотос, Кефалонија и Крф, како и полуостровот Пелопонез.

На островот Кефалонија, автомобили и мотоцикли беа однесени во поплавата настаната од силната бура, а домови и продавници претрпеа тешки оштетувања.

Улиците на Атина, исто така, беа поплавени синоќа за време на кусата, но интензивна бура, која турна повеќе дрвја и предизвика привремен прекин на струјата во делови од градот.