Силјановска во посета на Крушево: Ако е реформа да промените име, не знам каква реформа е тоа
Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова, кандидатот за претседател на Република Македонија денеска оствари средба со жителите на Општина Крушево.
На средбата Силјановска Давкова истакна дека никој во историјата не се борел за ова што денеска и се случува на Република Македонија, потенцирајќи дека Асномските одлуки не можат да се сменат со проглас, односно како што рече таа проглас не акт според правниците.
Пролета е на прагот. Ние ја слушнавме француската министерка сега како вели договор е договор, го вклучивте. Но, ние се водиме од Копенхагеншки критериуми, владеење на право, просперитетна економија, справување со корупцијата и криминалот, стручна и компетентна администрација. Нив Македонија ги нема и не може да е волшебник премиерот и министрите. Не се тие волшебници тоа да го направат во ова кусо време што претстои. Зошто белки не беа сите 26 министри преокупирани само со Преспанскиот договор и со законот за употреба на јазиците. Што правеа сите овие години? Ништо. Ако е реформа да промените име, не знам каква реформа е тоа. Не, не пишува горе Северен Македониум, не пишува дека се бореле Илинденците за некаква си Северна Македонија. Никогаш никој во историјата не споменувал такво нешто, впрочем ги знаеме Асномските одлуки. Но, и нив ги забошотија па ги сменија со некаков проглас. Проглас не е акт, велиме ние правниците, рече Силјановска Давкова.
Ново на Сител
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица