Силјановска: Ветив дека ќе си го вратиме угледот на нашата Македонија
Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со граѓаните на Општина Кривогаштани.
Пред присутните Силјановска Давкова истка дека како и во другите општини така и во Кривогаштани животот е се потежок, а стандардот низок, нагласувајќи дека кога ќе стане претседател ќе стори се што е во нејзина моќ да го врати достоинство и угледот како на граѓаните, така и на Република Македонија.
Во Кривогаштани, како и во другите места, луѓето се вредни и чесни. Животот е тежок, стандардот низок. Тешко е да се гледаат нивните напатени лица и закоравени раце. Ако станам претседателка ќе сторам се што е во моја моќ да им го вратам достоинството. Но, ним им значи и Македонија, не само личниот стандард. Им ветив дека ќе си го вратиме угледот на нашата Македонија. Им реков, ве молам зборувајте со вашите пријатели, објаснете им дека само заедно ќе ги вратиме владеењето на правото и правдата за Македонија, кажа Силјановска Давкова.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост