Македонија
7. February 2019 - 22:53

Силјановска: Tатко ми се бореше за Македонска држава, јас не отстапувам од неговиот пат

Универзитетската професорка Гордана Силјановска- Давкова во објава на Фејсбук, објаснува дека нејзиниот татко Александар Силјановски бил нејзина најголема инспирација за кандидатурата за претседател.
 
Таа објави слика од таткото кој бил борец во НОБ и дел од македонско-косовската ударна бригада. Како што објаснува професорката тој учествувал и во Февруарскиот поход, а има заслуга и за ослободувањето на Кичево. Силјановска- Давкова вели дека тој се борел за Македонска држава и таа нема да отстапи од неговиот пат.
 
-Ова е Александар Силјановски (лево). Мојот татко. Тој е инспирацијата за мојата кандидатура. Александар во НОБ отишол на 19 години. Бил борец во Македонско-косовска ударна бригада, курир на Петар Брајевиќ, учесник во Февруарски поход и делегат на Младинскиот конгрес во Фуштани, Егејска Македонија. На сликата носи 3 ордени. Едниот за ослободување на Кичево (прво ослободен град во Македонија) и два за битки во Февруарски поход. Александар се бореше за Македонска држава! Јас не отстапувам од неговиот пат!, напиша Силјановска.