Силјановска од Битола: Младите се движечката сила на едно општество
Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со пензионери во Битола во Градскиот парк и средба со млади во кафе „Јагода“.
Силјановска Давкова при средбата со младите посочи дека тие се движечката сила на едно општество, гласот на промените, иновативноста, и надежта на секое општество од кое почнуваат промени.
Најдобар синоним за младиот човек е слободата. Тие мора да бидат слободни, мотивирани и да ја почувствуваат грижата од државата, појасни Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова истакна дека младите ќе ја донесат победата затоа што секогаш младите луѓе се носители на промените, бунтовноста и бестрашноста.
Силјановска Давкова при средбата со пензионерите рече дека со нив разговарале за нивните проблеми во секојдневниот живот, иселувањето на младите како и за кратењето на пензиите односно за негрижата на оваа влада кон нив.
Како што треба да се грижиме за нашата иднина, а тоа се младите, така треба да се грижиме подеднакво и за нашето минато и минат труд преку грижа за пензионерите и нивните потреби, нагласи Силјановска Давкова.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители