Македонија
19. April 2019 - 18:21

Силјановска: Граѓаните се оние кои што секогаш треба да го имаат последниот збор

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова оствари средба со претседателот и членовите на управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија.
 
Се сретнавме со претседателот и членовите на управниот одбор на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, кое е единствено здружение во државата кое ги застапува интересите на фелата и воедно е дел од Светската организација на архитекти. На средбата разговаравме за учеството на стручната јавност во донесување на законски решенија и регулативи, пред се, на Законот за градење и Законот за просторно и урбано планирање, но и за вклучување на граѓаните во процесите и нивно поставување како одлучувачки фактор, посочи Силјановска Давкова.
 
Силјановска Давкова на средбата појасни дека граѓаните се оние кои што секогаш треба да го имаат последниот збор. ААМ е исто така и организатор на Големата годишна награда за архитектура, чии покровител е ПРМ, соработката во тој поглед треба да продолжи, доколку биде избрана за Претседател на државата.
 
На самиот крај заклучивме, дека средби од ваков тип се неопходни и во иднина треба да бидат се почести, затоа што мојата цел секогаш ќе биде актуелизација и потенцирање на реалните и секојдневните проблеми на граѓаните, истакна Силјановска Давкова.