Македонија
2. March 2019 - 12:14

Силјановска Давкова: Победата на овие избори ќе значи вовед во предвремени парламентарни избори

Единствената промена која што ја направи СДСМ во изминатиот период е најболната промена за секој од нас, промена на името, рече кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова додека имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј.

-Знам дека на нашите дедовци и прадедовци им ги менувале презимињата и во нашиот код е запишан отпорот кон таквите промени. Но сега ние доживеавме една власт сама да го стори тоа, нагласи Силјановска Давкова.

Taa нагласи:

-Оние кои не гласале, апстинирале, кои се разочарале и од Шарената револуција, и од оваа власт, новостигнатите луѓе 18-годишни кои треба да гласаат сега е нашата шанса, бидејќи гласањето за претседателски кандидат во случајов надпартиски или непартиски, всушност значи почеток на крајот на оваа власт. Тоа значи воедно и НЕ за промената на името, но и значи и НЕ за недемократските методи на промената на името, но значи и НЕ за апсолутистичката власт концентрирана во рацете само на премиерот. Јас велам дека тоа е премиерски систем од најлош вид, од типот на сезализам, каулизам, дека навистина ова е време тивкото мнозинство да биде многу гласно. Зошто победата на овие избори ќе значи вовед во предвремени парламентарни избори, посочи Силјановска Давкова.