Македонија
23. December 2021 - 20:12

Силјановска Давкова: Додека постои една Влада постојат сите механизми за контрола меѓу кои и пратенички прашања

Додека постои една влада постојат сите механизми за контрола меѓу кои и пратенички прашања. Каква е таа специјална влада која е заштитена од прашување, знаете ли каква опасност е тоа за демократијата? Граѓаните и пратениците имаат право на увид на работата на владата, дури и да прашаат, вели професорката и пратеничка Гордана Силјановска Давкова во вечерашното гостување во Тема на денот во Дневникот на Сител, потенцирајќи дека оваа влада е на функција се до изборот на нова во јануари и постојат многу актуелни работи за кои треба да биде прашана и затоа не смееше да има одложување на седницата за пратенички прашања.

Пррофесорката  истакна дека Владата каква и да е, се уште е актуелна и треба да биде прашана за она што сега се одвива, бидејќи во моментов има дузина на закони во Собрание, се носат решенија, ние би сакале да прашаме за некои решенија.

– Обично Владите и министрите најмногу трошат на заминување и тоа го покажуваат ревизорските извештаи. Секоја владата каква и придавка има пред себе треба да биде одговорна влада и граѓаните и пратениците имаат право на увид, имаат право да бараат информации, имаат право на контрола, на секоја влада се додека таа постои таму. Затоа логично е да можете да ја прашате и владата во оставка, бидејќи таа ќе биде влада до средината на јануари до избор на новата влада, рече Силјановска Давкова.

Таа додаде дека може и роман да се напише со прашања за оваа влада.

– Од она што се случува деновиве, гледаме може да се излезе од притвор со гаранција, во текот на денот ситуацијата се менува, а нешто што Стразбур и забележува на Македонија токму е притворот и тоа треба да е исклучителна мерка која се применува доколку постојат трите опасности. Ете би прашала за притисоците врз судството. Гледаме дека министри или високи државни функционери ги користат социјалните мрежи за да праќаат пораки до судиите, тоа е непознат феномен, рече таа.

Силјановска Давкова потсети дека власта збори за зелената агенда, а гледаме дека се загадуваат водите на Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, а да не говориме за загаденоста на воздухот.

– Или за родовата застапеност, кога власта ќе почне да ја реализира застапеноста 50-50 која ја ветуваше а гледаме само 4 министерки и две заменички, рече Силјановска Давкова.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ