-->
-->
Силите за безбедност приведоа петмина борци на ИД, кои планирале напади во Истанбул
-->
Турските сили за безбедност приведоа петмина борци од терористичката групација Исламска држава, кои планирале да извршат напад во Истанбул, соопштија локалните власти на округот Самсун, каде беа приведени осомничените.
Силите за безбедност открија терористичка група, во која членувале седуммина терористи од ИД.
Во специјална акција беа задржани петмина од нив, а по останатите двајца се трага.
Тие купиле билти за Истанбул, каде планирале да извршат напад, се наведува во соопштението на локалните власти на Самсун.
Турски и светски медиуми вчера соопштија дека минатата недела во Истанбул е приведен борец од ИД, по кого трагал Интерпол.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени