Свет
3. November 2016 - 9:50

Силен земјотрес во Италија - Четврт регистриран за една недела

 
Нов земјотрес, со јачина од 5,2 степени по Рихтер, ја потресе рано утринава Италија.
 
Најпогодени беа нејзините централни делови, кои и претходно беа погодени со јаки потреси.
 
Ова е четврт силен земјотрес, регистриран за една недела.
 
Британската агенција потенцира дека земјотрес со оваа јачина се смета за умерен и дека може да предизвика прилично штета на веќе оштетените објекти.