Македонија
12. May 2021 - 8:49

Силен земјотрес во Грција, бил почувствуван во неколку градови и во Македонија

Земјотрес со епицентар во соседна Грција синоќа во 23:31 часот е почувствуван во земјава.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје утрово соопшти дека земјотресот е почувствуван во Битола, Ресен, Охрид и Струга со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала и со интензитет од три степени во останатите делови од државата.

Епицентарот на земјотресот бил на 170 километри јужно од Скопје со Рихтерова магнитуда од 4,7 степени.