Свет
10. October 2017 - 9:43

Силен земјотрес во Чиле

- Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во севериот дел на Чиле, соопшти Американскиот геофизички институт.

Потресот бил на длабочина од 82 километри под површината на земјата, со епицентар на 73 километри источно од градот Арика.

Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети, а не издадено ниту предупредување за можна појава на цунами.