Свет
3. јуни 2017 - 10:44

Силен земјотрес регистриран во Папуа Нова Гвинеја

Силен земјотрес со интензитит од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Папуа Нова Гвинеја, соопшти американскиот Геолошки завод.

Земјотресот бил на длабочина од 190 километри, а епиценатарот бил на 109 километри западно од провинцијата Маганг.

Се уште нема информации за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета. Исто така не е издадено предупредување за појава на цунами.