Свет
6. March 2018 - 20:40

Силен земјотрес регистриран во близина на Папуа Нова Гвинеја

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Папуа Нова Гвинеја, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 33 километри под морското дно.

За сега нема информации за човечки жртви и причинета материјална штета.

Во земјотресот што се случи на 26 февруари загинаа најмалку 75 лица загинаа во Папуа Нова Гвинеја.